Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од 1600, додека спасувачките екипи очајнички пребаруваат урнатините на срушените згради во потрага по преживеани. Повеќе од 3400 лица се повредени.
Раководителот на војската на Мјанмар објави вонредна состојба и побара сите кои можат да помогнат да дојдат. ОН веќе е во контакт со властите. Според податоците на USGS, епицентарот бил на околу 17.2 километри од градот Мандалаја, кој има околу 1.2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, областа беше погодена и од последичен земјотрес со јачина од 6.4.
Во меѓувреме медиумите јавуваат дека се пронајдени и тела на 12 деца во детски градинка во Мјанмар.