Бројот на жртви од поплавите во Шпанија порана на 158, продолжува потрагата по исчезнатите

Повеќе од 1.000 војници од шпанските единици за спасување за итни случаи веќе им се придружија на регионалните и локалните работници за итни случаи вчера во потрагата по тела и преживеани. Министерот за одбрана рече дека само војниците до синоќа извлекле 22 тела и спасиле 110 лица

Најмалку 158 лица загинаа во катастрофалните поплави во Шпанија, предизвикани од обилни дождови на 28 октомври.

– Бројот на загинати изнесува 158, а треба да се додадат и десетици исчезнати лица, изјави на прес-конференција  Анхел Виктор Торес, министер задолжен за соработка со шпанските региони.

Се очекува бројот на жртви да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите.

Војската е повикана да им помогне на областите погодени од поплавите во Валенсија од денеска наутро, според регионалниот претседател.

– Само што побарав вклучување на армијата и расположливите копнени, морски и воздушни сили за зајакнување на логистичките задачи и дистрибуција на помош до населението, соопшти синоќа преку објава на Икс.

– Воената единица за итни случаи ме информира дека утре во 8 часот ќе започнат со работа првите екипи, додаде тој.

Повеќе од 1.000 војници од шпанските единици за спасување за итни случаи веќе им се придружија на регионалните и локалните работници за итни случаи вчера во потрагата по тела и преживеани. Министерот за одбрана рече дека само војниците до синоќа извлекле 22 тела и спасиле 110 лица.

Според извештаите, на 29 октомври делови од Валенсија за осум часа примиле количина дожд која е еднаква на просечната годишна количина за тој регион.
Најголемиот дел од вкупниот број на жртви – 155 се во Валенсија, додека две лица се загинати во Кастиља-Ла Манча на запад од покраината, и едно лице, британски државјанин, загина во Андалузија, наведува Би-Би-Си..

Вчера, спасувачките тимови, и покрај силниот дожд, ги пронајдоа телата на осум лица, меѓу кои и локален полицаец, кои биле заглавени во гаража на периферијата на градот Валенсија, изјави градоначалничката Марија Хозе Катала за медиумите.

МИА

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни