Сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон неодамна се најде во центарот на вниманието поради наводната шлаканица, но нејзиниот младешки изглед привлекува многу поголемо внимание во јавноста. И оние кои не и се наклонети прознаваат – Брижит изгледа многу помладо од своите 72 години кои ги прослави во април.
Им пркоси на годините
Поранешната професорка по француски јазик и литература отворено им пркоси на бројките напишани на нејзината лична карта. Тајната на нејзиниот изглед се крие во внимателно одбрани детали и добро осмислена рутина – од екстензии кои даваат волумен на косата и младешки ефект, до фурнири на забите, дискретни естетски корекции, до беспрекорна шминка и гардероба според најновите модни трендови.

Брижит има силно чувство за стил и грижа. Како што еднаш кажа, модата отсекогаш била нејзина страст, а посебно внимание посветува на секоја облека. Нејзината гардероба е елегантна, скапа и младешка, но секогаш прилагодена на фигурата и приликата. Обожава реномирани модни куќи како Луј Витон и Диор, често избира чевли од Џанвито Роси, а не се откажува ниту од луксузниот накит – часовниците на Hermès, златните алки и прстените се нејзини чести сојузници.
Посебно сака женствени, класични кроеви како шифт фустани кои ја истакнуваат нејзината витка фигура, а тесните панталони се нејзин заштитен знак бидејќи дополнително го подмладуваат изгледот.
Фризура со волумен
Брижит носи боб со шишки за обликување на лицето, а нејзините прамени изгледаат разбушавено и младешки. Фризерите веруваат дека користењето екстензии за да се постигне дополнителен волумен е вообичаено решение, бидејќи многу жени почнуваат да ја губат густината на косата околу педесеттата година од животот.
Таа не се потпира на класично фенирање, туку избира полежерна, природна фризура која одлично и прилега.

Негувана кожа и беспрекорна нега
Брижит Макрон има блескав тен и сончана кожа, што јасно покажува дека одлично се грижи за лицето и телото. Експертите забележуваат дека таа има изразени јагодички и затегнат изглед, особено во пределот под очите и на челото. Иако никогаш јавно не признала дека имала естетски интервенции, дерматолозите и лекарите се сомневаат во дискретни третмани – како што се полнење на солзавци и можно подигање.
д-р. Татјана Лапа, специјалист по естетска медицина, смета дека Брижит речиси сигурно користи модерни техники за подмладување за да одржи свеж и затегнат изглед.
Тело кое зборува за дисциплина
Нејзиниот младешки изглед дополнително го истакнува нејзината витка линија. Се претпоставува дека е резултат на редовна физичка активност, пилатес и вежби со тегови кои помагаат во одржување на мускулната маса и сила. Урамнотежената исхрана и здравиот начин на живот очигледно се дел од нејзиното секојдневие.
Холивудска насмевка
Насмевката на Брижит открива уште еден аспект од нејзината рутина против стареење – таа најверојатно била подложена на стоматолошки процедури како што се белење на заби и фурнири. Нејзината насмевка изгледа совршено: без промена на бојата, оштетување или абење што доаѓа со возраста.