Брижит Макрон дојде на погребот на папата Франциск со својот сопруг Емануел Макрон, за да му оддаде последна почит на починатиот поглавар на Римокатоличката црква.
Како што налага протоколот, првата дама на Франција се појави во црно од глава до пети. Таа носеше скратено палто и нејзиниот омилен модел на чевли, пар мокасини со високи потпетици. Првата двојка на Франција беше фотографирана како стои до ковчегот со телото на папата Франциск.

Она што го привлече вниманието на сите беше тоа што таа не носеше црн превез на главата, со што го прекрши протоколот, иако е католик. Нејзиниот потег на социјалните мрежи од многумина беше окарактеризиран како форма на бунт и ја прогласија за бунтовничка, како и дека Макрон не се плаши да крши строги правила, дури и во Ватикан, бидејќи носењето превез во католичката црква е симбол на прикривање на физичката убавина на жената, како и нејзино покорување на Бога.
Освен тоа, никој немаше за што да се пожали кога стануваше збор за нејзиниот стил. Носеше здолниште во А-крој кое беше веднаш под колената, а одозгора носеше јакна со копчиња. И таа, како и Меланија Трамп, носеше вртоглаво високи потпетици, што многумина го сметаа за несоодветно за првата дама на Америка.

На социјалните мрежи се појавија многу коментари кога станува збор за Трампови каде што беа критикувани, додека Брижит се снајде подобро.