Брижит Макрон фатена во костим за капење: Ова се ретки фотографии од првата дама на Франција на кои може да се види како ужива, изгледа фантастично

Првата дама на Франција изгледа навистина феноменално, а доказ за тоа се нејзините извајани нозе и витката линија која ја одржува низ годините.

Францускиот претседател Емануел Макрон со сопругата Брижит и неговото семејство во текот на претходното лето одмараа на француската ривиера, поточно во Фор де Брегансон, официјалната резиденција на француските претседатели. Макрон неодамна купил помал чамец за кој потрошил 335.000 евра, а папараците побрзале да ги фотографираат, а имале што да видат.

Брижит Макрон е фотографирана како ужива на брод во син едноделен костим за капење. Првата дама на Франција изгледа навистина феноменално, а доказ за тоа се нејзините извајани нозе и витката линија која ја одржува низ годините. Таа носи костим за капење и сина кошула, а капата и очилата за сонце одлично се вклопуваат во овој летен стајлинг.

Откако стана најмладиот претседател на Франција по Наполеон во 2017 година, Емануел Макрон е во јавноста поради бракот со Брижит Макрон, 24 години постара од него. Тоа шокираше многумина, особено откако дозна дека сè започна уште во училишните денови на Макрон, кога неговата сегашна сопруга беше негова учителка.

Која е Брижит Макрон првата дама на Франција?

Брижит е најблискиот соработник на Макрон, кому тој вети официјална улога во претседателската палата.

„Секоја вечер разменуваме што сме слушнале еден за друг. Морам да внимавам на се, да дадам се од себе за да го заштитам“, рече таа во пресрет на изборите кога Макрон првпат стана претседател на Франција.

Брижит беше на насловната страница на речиси десетина списанија, рака под рака со својот сопруг на различни собири, фасцинирајќи го светот со својата необична романса.

Но, пред сето тоа, таа беше сопруга на друг маж и мајка на три деца, која предава француски, латински и драма. Родена е во Амиен, каде што беше Макрон, во добро ситуирано семејство кое успешно произведува тестенини и чоколада. Во раните 1990-ти, таа беше многу заинтригирана од еден млад човек кој глумеше во претстава – тоа беше Емануел, кому таа веднаш му помогна да работи на текст и – тогаш почнаа да градат врска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни