Пејачката Бритни Спирс (41) и нејзиниот сопруг Сем Асгари (29) се разведуваат, пишува Дејли Меил, по „огромена расправија“ предизвикана од гласините за неверство. Не е познато дали гласините се точни.
Се вели дека Асгари бил убеден дека Бритни е неверна и се иселил од нивниот дом. Двојката се венчаше во јуни 2022 година, а се заедно од 2016 година.
Извор за TMZ, кој прв објави дека парот се разведува, изјавил дека е само прашање на време кога Сем ќе поднесе барање за развод.
Веста за разводот доаѓа само три дена откако Спирс објави вознемирувачко видео со своите фанови на Инстаграм дека купила шипка за стриптизети.
Извор: N1