Бритиш Петролеум отпушта пет проценти од вработените за да ги намали трошоците

Британската нафтена компанија Бритиш Петролеум (BP) ќе отпушти 4.700 од вкупно 90.000 вработени ширум светот и уште 3.000 привремено ангажирани работници, во обид да ги намали расходите.

Во октомври 2024 година, компанијата соопшти дека планира да заштеди 500 милиони долари оваа година, а до крајот на 2026 година уште три пати толку. Како дел од овие напори, од јуни компанијата откажа 30 проекти.

BP се повлече од многу проекти за обновлива енергија и според медиумските извештаи, откажа претходниот план за намалување на производството на нафта и гас за 40% до 2030 година.

Компанијата се обидува да внесе повеќе вештачка интелигенција во своето работење. Инаки цената на акциите на компанијата од минатото пролетно се намалила за околу 20%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни