Британските научници создадоа вакцина против рак: Ќе може да ја спречи болеста 20 години пред да започне

Професорката на Универзитетот Оксфорд, Сара Благден, која беше пионер на една од првите вакцини против Ковид-19, води заеднички проект со фармацевтска компанија која ќе ја проучува „биологијата пред рак“.

„Ракот не доаѓа од никаде. Секогаш замислувате дека ќе бидат потребни околу една или две години за да се развие во вашето тело, но, всушност, сега знаеме дека на ракот може да му бидат потребни и 20 и повеќе години, за да се развие – од нормална клетка во канцерогена“, рече таа во емисијата Today на BBC Radio 4.


Таа смета дека повеќето видови на рак се невидливи кога поминуваат низ овие фази, а тоа е она што сега лекарите го нарекуваат, предканцерогена фаза.

„Значи, целта на вакцината не е да се вакцинира против веќе развиениот рак, туку да се вакцинира против таа предканцерогена фаза“.

Универзитетот Оксфорд веќе има некои од водечките истражувачи кои идентификуваат протеини специфични за туморот кои би можеле да бидат цели за вакцини кои го спречуваат враќањето на болеста кај луѓето кои веќе имале рак. Но, оваа најнова фаза на истражување ќе ги помести границите на медицинската наука понатаму и потенцијално ќе ги вакцинира луѓето против ракот пред да го добијат.

„Ова партнерство претставува чекор напред во истражувањето на ракот. Наша цел е да го откриеме потенцијалот на вакцините за рак и да им донесеме надеж на пациентите ширум светот“, рече професорката на Универзитетот во Оксфорд, Ајрин Трејси.

Секретарот за наука и технологија Питер Кајл рече дека може да се искористат науката и иновациите за да се трансформира она што е можно кога станува збор за дијагностицирање и лекување на оваа болест.

Вештачката интелигенција ќе се користи за поблиску да се анализираат новите „микроскопски“ слики на клетките за да се обидат да се бараат обрасци во раните промени што може да се појават. Ќе се искористат и неодамнешните откритија во генетското секвенционирање на една клетка.

„Пред околу три години составивме работна група на научници во Оксфорд кои беа подготвени да го направат тоа. Имаме среќа затоа што има огромен број технички откритија што можеме да ги искористиме за да можеме всушност сега да започнеме да го откриваме „неоткриеното“. „И од тоа, можевме да утврдиме какви карактеристики имаат тие клетки додека преминуваат во рак, за да можеме да дизајнираме вакцина специјално насочена против тоа“, рече професорот Благден.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни