„Не сакам да видам ниту еден ден индустриска акција во Националната здравствена служба во 2026 година и ќе направам сè за тоа да стане реалност“, порача Стритинг во соопштение, додавајќи дека разговорите со Британската медицинска асоцијација ќе продолжат на почетокот на следната година.
Британската медицинска асоцијација, која ги претставува лекарите специјализанти – речиси половина од вкупната лекарска работна сила – во изминатиот период организираше серија штрајкови поради спорот околу платите и условите за работа.
Последниот штрајк, кој започна на 17 декември, ги принуди болниците да откажат илјадници прегледи и интервенции, токму во еден од најоптоварените периоди за здравствениот систем во Обединетото Кралство.
Стритинг оцени дека NHS успеал да се справи со, како што рече, „двојниот удар“ од штрајковите и зголемениот број случаи на грип, благодарение на напорите на здравствениот персонал, но предупреди дека најтешките зимски недели допрва претстојат.
Извор: Reuters