Британскиот крал Чарлс III морал да ги откаже претходно преземените обврски, откако бил краткотрајно примен во болница поради нуспојави од терапијата за лекување на рак, пишува британски „Мирор“, повикувајќи се на соопштение од Бекингемската палата.
На кралот му беше дијагностициран рак во февруари минатата година, а вчера бил примен во болница и потоа отпуштен на домашно лекување.
„Мирор“ пренесува дека Чарлс сепак морал да ги откаже попладневните обврски и посетата на Бирмингем.
Од палата е соопштено дека се работи за „помала неугодност“ и дека лекувањето на кралот „значително напредува во добар правец“.