Британски лекар обвинет за 45 тешки злосторства врз 38 пациенти

Поранешниот британски лекар, 38-годишниот Натаниел Спенсер, е обвинет за серија тешки сексуални напади врз вкупно 38 пациенти кои биле под негово медицинско згрижување, објави „Скај њуз“.

Според обвинението, делата биле извршени во периодот од 2017 до 2021 година во Универзитетската болница „Ројал Стоук“ во Сток-он-Трент и болницата „Раселс Хол“ во Дадли.

Спенсер се соочува со вкупно 45 точки од обвинението, меѓу кои 15 точки за сексуален напад, 17 за напад со пенетрација, девет за сексуален напад врз дете под 13-годишна возраст, три за напад со пенетрација врз дете под 13 години, како и една точка за обид за напад со пенетрација.

Обвиненијата доаѓаат по долготрајна и комплексна истрага спроведена од Одделот за јавна заштита на полицијата во Стафордшир. Заменикот на главниот обвинител во Обвинителството на Западен Мидлендс, Бен Семплс, истакна дека обвинителството внимателно ги анализирало доказите и дека имало доволно основи случајот да биде изнесен пред суд.

Спенсер, кој живее во Бирмингем, треба да се појави пред Правосудниот центар на Северен Стафордшир на 20 јануари следната година.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни