Британската вицепремиерка Рејнор поднесе оставка поради избегнување да плати повисок данок

Британската вицепремиерката и министерка за домување, Анџела Рејнор денеска поднесе оставка откако призна дека платила помалку данок за нејзиниот нов дом.

„Длабоко жалам за мојата одлука да не барам понатамошни даночни совети. Преземам целосна одговорност за оваа грешка“, напиша Рајнор во писмото упатено до  премиерот Кир Стармер.

Рејнор основала фонд за еден од нејзините синови, кој е хендикепиран, а потоа го продала својот удел во семејната куќа на северот од Англија на фондот за да купи стан, верувајќи дека нема да мора да плати повисока даночна стапка при купување на друг имот.

Стармер одговори дека жали поради тоа што нејзиниот мандат завршил со оставка, додавајќи оти Рајнер донела исправна одлука.

Рејнор е осмиот висок функционер, кој ја напушта Владата на Стармер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни