Британската претставничка се повлече од Мис Свет 2025: „Се чувствував како проститутка“

Според неа, целиот концепт на Мис Свет е „морално застарен“ и не го одразува тоа што современите жени навистина се или за што се борат.

Мила Маџи (24), која ја претставуваше Велика Британија на изборот за Мис Свет 2025 во Хајдерабад, Индија, се повлече од натпреварот, нарекувајќи го „застарен и понижувачки“. Во интервју за британскиот таблоид The Sun, таа изјави дека се чувствувала експлоатирано и морално неприфатливо да продолжи со учество.

„Дојдов овде да направам разлика, но не третиравте како дресирани мајмуни. Сè е останато во минатото. Сите круни и ленти на светот не вредат ништо ако не можеш да го користиш гласот за вистински промени“, изјави Маџи.

Мила остро ја критикуваше организацијата на настанот, велејќи дека учесничките биле распоредувани по маси со спонзори и гости, со задача да ги „забавуваат“ вечерта.

„Бевме по две девојки на маса со шест мажи. Се очекуваше да седиме со нив цела вечер и да водиме мали разговори. Се чувствував неверојатно непријатно. Не дојдов овде да бидам користена за забава на некои бизнисмени. Се обидов да зборувам за каузите што ги поддржувам, но никој не слушаше.“

Според неа, целиот концепт на Мис Свет е „морално застарен“ и не го одразува тоа што современите жени навистина се или за што се борат.

По нејзиното повлекување, местото на Мила во финалето го презема втората придружничка на Мис Англија — Шарлот Грант (25). Финалето на Мис Свет ќе биде емитувано следната недела во над 180 земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни