Инцидентот се случил само три дена по смртоносниот напад пред синагога во Манчестер.
Пожарот го оштетил главниот влез на џамијата во крајбрежниот град Писхевен, како и едно возило паркирано пред неа. За среќа, во инцидентот нема повредени.
„Свесни сме за загриженоста и влијанието што ова ќе го има врз муслиманската заедница“, соопшти полицијата.
Во регионот е засилено полициското присуство, а дополнителни патроли се распоредени за да се обезбедат другите верски објекти.
Овој инцидент се случува во сенка на нападот пред синагогата во Манчестер, кој се случи во четвртокот. Напаѓачот, Џихад Ал Шами, 35-годишен Британец со сириско потекло, удрил со автомобил во луѓе пред синагогата, по што нападнал неколку верници со нож. Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени.
Полицијата го застрела напаѓачот на самото место. Според одделението за борба против тероризмот, постои сомнение дека тој бил под влијание на радикална исламистичка идеологија.
Извор: N1info.rs