Британската полиција: Нападот пред синагогата во Манчестер е терористички

Напаѓачот прво удрил со автомобил во група верници кои се собирале по повод Јом Кипур – најголемиот еврејски празник – а потоа со нож нападнал дел од нив. Двете загинати лица се припадници на еврејската заедница.

Локалната полиција соопшти дека напаѓачот бил застрелан, но потврдата за неговата смрт доцнела поради сомнеж дека носи експлозивен појас.

Лондонската полиција, задолжена за антитерористички операции, објави дека нападот официјално е класифициран како терористички. Истрагата продолжува – полицијата соопшти дека го знае идентитетот на убиениот напаѓач и дека се уапсени уште две лица поврзани со случајот, без дополнителни детали.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е „ужаснат“ од нападот и најави засилено обезбедување на синагогите во земјата. Кралот Чарлс Трети порача дека е „длабоко потресен“ од случувањата во Манчестер.

Антисемитските инциденти во Велика Британија се во пораст од октомври 2023 година, по нападите на палестинските екстремисти врз Израел и последователната израелска офанзива во Појасот Газа. Во првата половина од оваа година биле пријавени повеќе од 1.500 вакви случаи – рекордно ниво за последните години.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни