Британија ќе троши 3% од БДП за одбрана?

Владата на Кир Стармер разгледува забрзување на зголемувањето на воениот буџет под притисок од НАТО и САД

Британската влада разгледува можност порано од планираното да го зголеми буџетот за одбрана на три проценти од бруто домашниот производ (БДП), јавува BBC.

Само една година откако Лондон го зголеми планираниот воен буџет, сега се размислува за дополнително забрзување на рокот. Во февруари 2025 година, Велика Британија објави дека ќе ги зголеми годишните издвојувања за одбрана на 2,5 проценти од БДП до 2027 година, со цел да достигне три проценти во следниот парламентарен мандат, по изборите планирани за 2029 година.

Според BBC, соработници на премиерот Кир Стармер разгледуваат предлог три проценти од БДП за одбрана да се достигнат веќе до 2029 година, односно порано од првично планираното. Иако одлуката сè уште не е официјално донесена, во владините кругови се признава дека постојните планови можеби нема да бидат доволни за покривање на растечките трошоци за одбрана.

Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција, Стармер изјави дека Европа е обединета во поддршката за Украина преку испорака на оружје и муниција и нагласи дека „јасно е дека ќе мора да трошиме повеќе и побрзо“.

Според најновите проценки на НАТО, Велика Британија во 2024 година издвојувала 2,3 проценти од БДП за одбрана, што е над минималната препорака на Алијансата од два проценти.

Лондон, како и други европски престолнини, е под зголемен притисок од Соединетите Држави да ги зголеми издвојувањата за одбраната на континентот, особено во контекст на војната во Украина и променетата безбедносна архитектура во Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни