Британија заработила 10 милијарди фунти од концерти и фестивали во 2024

Музичарите помогнале да се привлечат 23,5 милиони туристи во 2024 година, претежно Британци, во споредба со 19,2 милиони претходната година
Фото: X/@GlastoLive

Туристи што присуствувале на концерти или музички фестивали во Велика Британија потрошиле рекордни 10 милијарди фунти (11,7 милијарди евра) во 2024 година, додека во 2023 година биле потрошени 8 милијарди фунти.

Студија објавена денес од индустриската асоцијација „UK Music“ вели дека минатата година, од вкупно 10 милијарди фунти, нешто повеќе од половина (5,1 милијарди фунти) биле потрошени за билети, храна, превоз или сместување, а остатокот биле индиректни трошоци – безбедност, добавувачи и друго.

Тој сектор се снајде добро првенствено благодарение на концертите на Тејлор Свифт, Брус Спрингстин, Ду Липа, Оливија Родриго и Чарли Екс-Си-Екс.

Музичарите помогнале да се привлечат 23,5 милиони туристи, претежно Британци, во споредба со 19,2 милиони претходната година.

Се очекува со фестивалот во Гластонбери, како и турнејата на „Оејзис“, која започнува во Кардиф во петок, да продолжи со трендот на зголемување на посетеноста и приходите оваа година.

Сепак, „UK Music“ ги наведува зголемените трошоци за турнеи и кризата во куповната моќ на граѓаните како проблеми за британската музичка индустрија што го загрозуваат нејзиниот глобален статус.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни