Владата на Велика Британија подготвува планови за цивилна одбрана за да биде подготвена за можен воен судир со Русија, соопштија извори.
Тајните документи содржат стратегија за одговор во случај на евентуално објавување на војна, вклучувајќи изградба на бункери за заштита на владата, кралското семејство, јавните радиодифузери и ресурси, објави британскиот Телеграф.
Официјални лица се загрижени дека Британија нема да има доволно сили да се одбрани од Русија и нејзините сојузници на бојното поле, како и дека не е подготвена за одбрана внатре во земјата.