Британија им забранува на младите генерации да купуваат цигари

Smoking Hazard

Британската влада предложи на младите целосно да им се забрани да купуваат цигари, што би било едно од најстрогиот правила за пушење во светот, а сериозно би им наштетил на големите компании од тутунската индустрија.

Ако законот се усвои, возрасната граница за пушење секоја година би се зголемувала за една година, што потенцијално би можело да доведе до целосно укинување на пушењето меѓу младите уште во 2040 година, најави британскиот премиер, Риши Сунак.

Пушењето го чини британското здравство 17 милијарди фунти годишно, вели Сунак и додаде дека владата треба да одговори и на вејпингот меѓу младите. Сунак вели дека сака да се консултира за ограничување на вкусот и описот на вејповите и да размисли за регулирање на амбалажата и презентацијата на вејповите.

Активистичката група „Акција против пушењето и за здравјето“ ги поздрави плановите на Сунак и додаде дека тоа може да многу да придонесе набрзо да дојде денот кога пушењето ќе стане минато.

Извор: reuters.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни