Британците бараат предупредувачки етикети на алкохолот

Смртните случаи поврзани со алкохол во Велика Британија достигнаа рекордно високо ниво четврта година по ред, објави британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Според ONS, околу 10.473 смртни случаи биле регистрирани во Велика Британија во 2023 година од здравствени состојби кои директно му се припишуваат на алкохолот, што е за четири отсто повеќе од 10.048 смртни случаи регистрирани во 2022 година и зголемување од 38 отсто во споредба со 2019 година, пишува Sky News.

Стапката на машка смртност во 2023 година остана двојно повисока (21,9 проценти на 100.000) од стапката на смртност кај жените (10,3 проценти).

Исто така, стапките на смртност кај лицата меѓу 25 и 59 години паднаа за прв пат од 2020 година, додека стапките на смртност кај лицата на возраст од 20 до 24 и над 60 години останаа слични на 2022 година.

Највисока стапка од 25,7 отсто од смртните случаи на 100.000 жители е забележана во североисточниот дел на Англија, а најниска во регионот Мидлендс во централна Англија (11,5 отсто).

Шкотска и Северна Ирска продолжуваат да имаат највисоки стапки на смртност во ОК, при што стапката на Шкотска останува стабилна на 22,6 во 2023 година, а Северна Ирска се намалува на 18,5 на 100.000 жители.

Експертите предупредија дека треба да се преземат неколку мерки за справување со „растечката здравствена криза“, вклучително и воведување минимална единечна цена, здравствени предупредувања на етикетите и построги регулативи за рекламирање на алкохолни пијалоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни