Европската комисија ги одби сите предлози на превозниците од земјите од Западен Балкан за да се најде компромис за ограничувањето на престојот во Шенген зоната согласно правилото 90 дена престој во период од 180 дена. Брисел потврди дека тоа е конечна линија и дека транспортерите мора да се прилагодат на правилото 180/90, без посебни исклучоци за професионални возачи.
Ова е старата одлука на ЕК, против која превозниците спроведоа координирани протести и блокади на товарните гранични премини кон земјите од Шенген зоната – меѓу кои и премините Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато.
Протестите почнаа на 26 јануари 2026 година со барање ЕУ да прифати решение кое ќе овозможи професионалните возачи да не бидат третирани како туристи, туку да имаат поспецифични правила за престој во ЕУ.
Министерот за транспорт Александар Николоски претходно тврдеше дека постои документ од Европската комисија што “целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната” и го цитираше делот каде што “возачите на камиони се прифаќаат како професионалци”, наводно како решеније.Но, ЕК јасно соопшти дека не прифаќа посебни измени на правилото 90/180 за превозниците, туку дека тие мора да се прилагодат на постојниот режим на пребивање.
Суспензијата на блокадите се случи вечерта на 29 јануари, по објавувањето на Стратегијата за визите и доставувањето од страна на министерот на документ според кој Комисијата ќе се обврзе да процени корективни мерки за превозниците од Западен Балкан. Но, сега, кога е познат ставот на ЕК, тоа води до заклучок дека ветувањата на владата и на Николоски им додадоа лажна надеж на превозниците – факт што се покажа со јавното одбивање од ЕК на коешто транспортерите бездруго остро ќе реагираат.
Зошто превозниците протестираа?
Главните аргументи на превозниците, претставени од Асоцијација „Макам‑транс“ и други здруженија од регионот е дека Новиот ЕES систем (ЕУ Entry/Exit System) строго брои дена на престој, што практично значи дека професионалните возачи ќе можат да работат само околу 15 дена месечно во Шенген зоната.Камионџиите не бараат повластен третман, туку да бидат третирани како работници, не како туристи.
Возачите предупредија дека ако се применува правилото како што е, ќе дојде до сериозни штети за економијата не само во Северна Македонија, туку во цел Западен Балкани дека без работа на возачите веројатно ќе следи колапс во транспортната логистика.
Дали има најнов развој?
По неколкудневни блокади, протестите беа привремено суспендирани откако ЕУ најави нова Визна стратегија со потенцијална флексибилност за професионалните возачи. Сепак, деталите за тоа како и кога таа флексибилност ќе се спроведе сè уште не се јасни и нема конкретни гаранции за решеније што би ги задоволило барањата на превозниците.
Став на Макам-транс (македонските превозници)Официјална реакција на „Макам-транс“ досега нема, но сосема веројатно е таа да стигне во текот на денешниот ден. Јасно е дека тие не само што се економски загрозени, туку и политички разочарани како од ЕУ така и од домашната власт за тоа како е водена комуникацијата околу овој голем проблем.
Суштината на оваа кризна ситуација не е само во тоа што правилата важат, тоа беше познато. Проблемот е во промоцијата на лажни надежи за решение и недостатокот на реална стратегија од Владата пред и по одлуката на ЕУ, што го остава секторот без реални гаранции и со значителна штета во работењето.