Поради надојдениот топлотен бран кој ја опфати државата, владата донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено.
На денешната седницата владата одлучи да се ослободат од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години во периодот од 12 до 18 јули 2024 година.
Во соопштението на Владата стои дека е „Работодавачите треба да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот“.
Дополнително на владина седница се донесе одлука за детските градинки да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во период од 11 до 17 часот.
Доставени се и препораки до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници. Акцент е ставен дополнително на работодавците кои е потребно да ги следат законските прописи во делот на извршувањето на работните обврски на отворено.
Извор: meta.mk
Фото: pexels