Еден од највпечатливите моменти на 29. издание на „Златна Бубамара“ беше настапот на Тони Зен, кој на сцената ја изведе песната „Сум“ во придружба на петмина street танчери и брејкденсери од глобалната Red Bull Dance заедница.
Во четириминутната, динамична и внимателно кореографирана изведба, сцената во салата „Борис Трајковски“ се претвори во спој на хип-хоп звук и street dance култура. Настапот се издвојуваше по силната енергија, синхронизацијата и комбинацијата на различни танцови стилови.
Танчерите кои настапија со Тони Зен доаѓаат од Франција, Венецуела и Австрија и се дел од глобалната Red Bull Dance заедница, позната по учество на престижни натпревари и сцени ширум светот.
B-Boy Lilou
Lilou е едно од најпознатите имиња во светот на брејкденсот. Францускиот b-boy е амбасадор на Red Bull BC One и повеќекратен светски шампион. Тој е меѓу ретките танчери кои двапати ја освоиле титулата на овој престижен натпревар. Во кариерата настапувал на бројни светски сцени и соработувал со артисти како The Chemical Brothers и Madonna.
Lil G
Lil G доаѓа од Каракас, Венецуела и важи за еден од највлијателните брејкденсери од Латинска Америка. Со брејкденс започнал на 11-годишна возраст, а неговиот стил се одликува со моќни power move елементи, техничка прецизност и силна музикалност.
B-Girl Kimie
Kimie е брејкденсерка од Франција и претставник на новата генерација танчери на современата сцена. Со брејкденс започнала во 2016 година, инспирирана од својот брат, а нејзиниот стил се карактеризира со динамични комбинации и брзи транзиции.
Dypa
Dypa е street танчерка од Франција која се истакнува на натпревари како Red Bull Dance Your Style. Нејзиниот стил се базира на музикалност, импровизација и интеракција со публиката. Таа е член на париската танцова екипа Yudat и настапува во бројни музички видеа и концерти.
Leon V
Leon V е street танчер од Австрија со хрватско потекло. Во 2022 година ја освои титулата на Red Bull Dance Your Style финалето во Австрија, по што ја претставуваше земјата на светското финале во Јоханесбург. Познат е по freestyle пристапот и силното сценско присуство.
Четириминутниот настап на Тони Зен и танчерите внесе поинаква динамика и ритам во салата „Борис Трајковски“, а целиот перформанс може да се погледне на YouTube каналот на Radio Bubamara.