Бразилски пар засадил повеќе од два милиони стебла и направил вистински тропски рај

Фото: Instituto Terra

 Бразислкиот фото-новинар Себастијано Рибеиро Салгадо и неговата сопруга ги поминале последните 20 години садејќи шума на површина од 1.750 хектари за да трансформираат пусто парче земја во тропски рај во бразилската држава Минас Жераис.

„Се беше уништено. Само околу 0,5 отсто од земјата беше покриена со дрвја. Тогаш мојата жена имаша сјајна идеја повторно да ја засадиме оваа шума. И кога почнавме тоа да го правиме, сите инсекти, птици и риби се вратија и благодарание на зголемениот број на дрвја и јас повторно се родив – тоа беше најважниот момент“ вели тој за Гардијан.

Салгадо и неговото семејство го основале Институтот Тера и посадиле повеќе од два милиони стебла, трансформирајќи ја околината. Со тоа, како што вели тој за Гардијан, пронашол еден одговор за климатските промени и креативна инспирација.

Овој брачен пар е фокусиран пред се на обновата на животната средина во басенот на Рио Доке, кој е еден од најважните во југоисточен Бразил. Повеќе од четири милиони луѓе живеат во тој регион и се соочувааат со последиците од сечата на шумата и неконтролираната злоупотреба на природните ресурси, поради што има ерозија на тлото и недостаток на вода.

„Првите садници се посадени во 1999 година од страна на локалните школски ученици, означувајќи го почетокот на блискиот однос со заедницата. Во 20те години од тогаш, еродираната земја е потполно трансформирана во плодно шумско подрачје, полно со флора и фауна“ се вели на сајтот на Институтот Тера.

Стотина видови на флора и фауна сега овој простор го нарекуваат дом, вклучувајќи околу 300 видови на дрвја, повеќе од 170 видови на птици, 30 видови цицачи и 15 видови на водоземци и влекачи, дел од кои се сметаат за загрозен вид.

Обновата исто така имала влијание и на екосистемот и климата, враќајќи неколку извори на вода, кои претходно биле пресушени, со што позитивно се влијае врз локалната температура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни