Бразилец потрошил 70 илјади евра на операции и изгледа како Кен

Бразилецот Јуниор Бевилаква потрошил повеќе од 70.000 евра на операции за промена на својот изглед. Ако го погледнете неговиот Инстаграм профил, можеби ќе помислите дека се работи за кукла бидејќи тој навистина личи на Кен, и по изглед и по начинот на кој се облекува, но тој е вистинска личност.

Јуниор не сака да ја открие својата возраст, но вели дека имал повеќе од 80 пластични операции. Многумина, како што вели, го нарекувале Кен иако не му била намерата да изгледа така.

“Никогаш не ми беше намерата да личам на Кен. Само имав стил многу близок до него. Имав иста боја на коса, светли очи и модерна облека, па луѓето автоматски велеа дека личам на него, дури и пред операциите. Сите операции што ги имав беа за да го подобрам мојот изглед”, изјави тој за Дејли Стар.

На Инстаграм, во описот на неговиот профил дури пишува „официјалниот бразилски Кен“. На Јуниор, вели, му приоѓаат многу луѓе кои сакаат да се фотографираат со него, а тој сега е задоволен од својот изглед.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни