Бразилецот за кој се веруваше дека е најстариот човек на светот, почина една недела пред неговиот 128 роденден. Хозе Паулино Гомез почина во петокот на 28 јули, една недела пред да наполни 128 години, во својот дом во Педро Бонита.
Семејството рече дека Гомез починал од откажување на органите, како резултат на неговата напредна возраст.
Според потврдата за брак од 1917 година, Гомез е роден на 4 август 1895 година, што значи дека ги преживеал двете светските војни и три пандемии.
Вилијан Хозе Родригез де Соуза, адвокат во локалната матична служба, потврди дека возраста на Гомез е точна и дека тој е роден пред 1900 година.
Сепак, неговото семејство не е сосема сигурно за неговата точна возраст, наведувајќи дека имало неколку случаи каде документацијата била неточна.
„Има еден соседка која има 98 години. Таа вели дека го познавала кога бил момче. Кога го слушнавме тоа, решивме да ја одредиме неговата возраст и да видиме што е точно“, изјави за локалните медиуми внуката на Гомез, Елиана Фереира.
Утврдено е дека старецот мора да има над 100 години, најмалку 110. Но, официјалната бројка ќе се знае дури кога ќе ја добијат потврдата за смртта.
Гомез не се најде на Гинисовата листа, бидејќи според нивните рекорди, најстарата личност на светот е 116-годишната Марија Браниас Морера од Шпанија. Родена на 4 март 1907 година.
Извор: N1