Братучеди ќе го играат финалето на тенискиот турнир во Шангај откако Риндеркнеш го победи Медведев во полуфиналето

Финалето на АТП Шангај е загажано за утре, во 10.30 часот по македонско време

Ако некој пред почетокот на турнирот предвидел дека 204-тиот и 54-тиот на АТП ранг-листата ќе играат финале на Мастерс турнирот во Шангај сигорно ќе му се смееја.

Сепак, ова е секако изненадувачки турнир, па победата на Артур Риндеркнеш над Данило Медведев од 4:6, 6:2, 6:2 всушност не е ништо ново!

По пресврт и два и пол часа борба, Французинот стигна до второто финале во кариерата, или поточно до нова можност да го подигне првиот трофеј на АТП турнејата.

На патот до таму, тој ги помина Ожер-Алијасим, Лехечка, Зверев, Микелсен и Хамад Меѓедовиќ – кои всушност требаше да го победат уште на самиот почеток.

Српскиот тенисер го предаде мечот поради повреда, откако го доби првиот сет против Валентин Вашеро и на крајот се случи преседан:

Двајца братучеди играат еден против друг во финалето, затоа што Риндеркнеш од Франција и Валентин Вашеро од Монако се роднини

Финалето на АТП Шангај е загажано за утре, во 10.30 часот по македонско време

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни