Братот на привремената претседателка на Венецуела, Хорхе Родригез, избран за шеф на парламентот

Foto: EPA/MIGUEL GUTIERREZ

Хорхе Родригез, брат на привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, е избран денес за претседател на парламентот.

Станува збор за првата седница на парламентот избран на изборите во мај 2025 година, кои беа бојкотирани од голем дел од опозицијата. На овие избори, власта освои 256 од вкупно 286 места.

Родригез, 60-годишен главен преговарач со САД, е еден од клучните луѓе во врвот на власта во земјата, која во саботата остана без претседател. САД го уапсија Николас Мадуро во воена операција и го префрлија во Њујорк, каде ќе му се суди по обвиненија за нарко-тероризам.

Хорхе Родригез има долга политичка кариера: бил потпретседател на Венецуела за време на мандатот на Хуго Чавез (8 јануари 2007 – 3 јануари 2008), од ноември 2008 до декември 2017 бил градоначалник на Каракас, а потоа министер за комуникации до 4 септември 2020. По парламентарните избори во декември 2020, повторно беше избран за претседател на парламентот.

Родригез имаше значајна улога во контролата на информациите и владината пропаганда, бил близок со Николас Мадуро и имаше клучна позиција за одржување на режимот на власт.

Американското Министерство за финансии му воведе санкции поради вмешаност во корупција и политичка репресија, а санкциониран е и од Канада поради поткопување на демократијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни