ЦУК: Можно невреме и високи бранови на Охридското Езеро

ЦУК предупредува на силен ветер и можни високи бранови на Охридското Езеро. Можно невреме и локални проблеми.

Центарот за управување со кризи информира дека поради најавени врнежи од дожд и снег не се очекуваат поголеми проблеми со поплави, но постои ризик од локални непогоди.

Поради очекуваниот силен ветер, можно е да се појават високи бранови на Охридското Езеро, каде водостојот веќе е на повисоко ниво.

Според проценките, поголемите реки ќе можат да ги примат врнежите без излевање надвор од речните корита.

Сепак, во случај на интензивни и поројни врнежи, можно е брзо зголемување на водостојот кај суводолиците и помалите реки со помали сливни подрачја.

Постои и ризик од локални проблеми во урбаните средини, особено во случај на невреме проследено со силен ветер и обилни врнежи.

Од ЦУК апелираат на внимателно движење, особено во близина на суводолиците и помалите реки, каде условите може брзо да се променат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни