Бранко Тричковски: Бираме меѓу исчезнувањето и постоењето!

„Мојата Македонија е Македонија која се самоослободува од лагите за себе, од позајмените истории, од поттурените митови. Македонија која се потпира на денешниве луѓе, на слободните луѓе, не на единство туку на диференцијација, на индивидуализмот, не на колективизмот, на културата, на културата на слободата која мора да оди во комбинација со одговорноста, со други зборови-модерна, европска Македонија, интегрирана кон внатре со меѓуетничката солидарност и хармонија и кон надвор во Европската унија и во сите светски структури“ – Тричковски

Стојан СИНАДИНОВ

Фотографии: Надица АНГЕЛОВСКА

Утре вечер во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) со почеток во 19 часот ќе се одржи промоцијата на новата книга на Бранко Тричковски, „ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ“, во издание на „Шорт кат продукција“.

„Иако основната четка во палетата на вербални бои на Тричковски се метафората, компарацијата, парадоксот и апсурдот, арсенал на острина со кои тој сече како со жилет, го критикуваат за бруталност, конфронтирачки говор и ласцивност и притоа не сфаќааат дека ваквиот говор е подлошка за да предупреди, анализира и нуди решенија…“, пишува, меѓу другото, аналитичарот и писател Валентин Нешовски во една од рецензиите на „ВМРО МИТ КОНЦЕТ КРАЈ“.

Се обидовме да ѕирнеме во светогледот на Бранко Тричковски. Еве неколку негови одговори за тоа што ќе биде со нас…

Во една од последните колумни најавувате разделба со Македонија, и тоа весела, ако изборот на Македонците биде ВМРО. Не ретко ја апострофирате вашата борба со Македонија, а не за Македонија. До каде е таа борба?

Борбата со Македонија или борбата за ослободување од Македонија е најважниот аспект на македонското постоење. Ние сме робови на Македонија. Не знам дали го чувствувате тој низок плафон кој не ни дозлува да се исправиме. Македонија нè хендикепира и затоа е нужно да се ослободиме од тие стеги, не за да ја напуштиме татковината, туку за да можеме како реализирани индивидуи да и ја дадеме неопходната енергија и супстанца со која може да биде модерна, европска земја.

Ние сме мобилизирани во одбраната на некакви национални интереси и се тресеме дали и што денеска ќе загубиме, но таквата одбрана го девалвира тие интереси, ние сме празни, ние како индивидуи сме немоќни затоа што борбата што ни ја наметнува Македонија не ни остава простор да се занимаваме со себе.

Македонија зависи од нас.

Тоа мораме да го освестиме.

Не од Гоце, не од Даме и од другите манекени на револуцијата, која всушност не била никаква револуција туку била парада на неукоста, тажна карикатура на самата себе која во својот хаос и лудост однела илјадници жртви на македонска страна. Прво се испотепале меѓу себе, второ го тероризирале селскиот народ и на крајот Турците ги ловеле како пеперутки по селските ливади и кории. Само писма, парадни конгреси, мемоари, разделби, судири и- ништо!

На крајот, со постојаното засерување на македонската земја, сепак, се родил митот од кој денеска ќе наебеме.

Кои се националните интереси на нација без културни, образовани,паметни интелектуални луѓе?

На кретенизирани и шашардисани поединци. Кои вмро-дпмне ги идиотизира на тие глупави и во суштина бесмислени теми.

Инаку што се однесува до веселата разделба ако победи вмро, јас сакам да ве убедам дека ако се случи таков исход на изборите тоа ќе значи не изолација туку дека историското време на македонскиот национален и државен проект е истечено и дека останува уште финишот на агонијата и смртта. И тоа ќе биде праведен исход затоа што толкав бил капацитетот на нацијата. Милион пати сум пишувал дека не можеме во исто време да имаме и држава и нација и вмро. Не можеме затоа што нацијата и државата никогаш не биле интерес на вмро освен кога таа држава ја затекнале формирана и упристоена, па фатија да ја унишуваат за да се одмаздат за изневерата на основните принципи на вмро.

Па уште со комунистите.

Нивната ревизија нема да заврши со Преспа и со Рамковниот договор туку и со поништување на Асном и со враќање во преддржавието како природна состојба која тие ќе ја обликуваат во некаква автономија како преодна фаза за соединување со Бугарија.

Идиотизам од непознат на науката формат.

Исчезнувањето на Македонија во оваа форма за мене ќе биде радосен чин затоа што од грбот и од свеста ќе симнам еден страшен товар, но исто така ќе биде и трагичен исход затоа што со Македонија ќе отиде и голем дел од мене, ако не и сиот јас, затоа што јас од тука, целиот сум направен од Македонија и ќе ми биде невзможно да постојам без оваа прекрасна држава и земја.

Често во вашите текстови го парафразирате Томас Ман, порачувајќи им на вмроните дека вие сте Македонија, а не тие. Каква е вашата Македонија?

Да, Ман не се расправал со нацистите, не ги сметал за достојни на ништо од себе освен на презир, ги сметал за некаква форма на нижи битија, како што јас ги сметам вмороните, Ман викал јас сум Германија, вас ѓаволот нека ве носи.

Јас мислам дека нашите нацисти се фолклорни идиоти, но тоа не значи дека не се способни за големи срања. Не смееме да ги третираме како политичка алтернатива или партнери.

Јас сум ја посветив мојата кариера од 50 години на Македонија. Нема начин да се сппредувам со тие говњари на лудоста, инфантилноста и просташтвото.

Мановски велам: нека одат и пизду материну или у курац.

Мојата Македонија е Македонија која се самоослободува од лагите за себе, од позајмените истории, од поттурените митови. Македонија која се потпира на денешниве луѓе, на слободните луѓе, не на единство туку на диференцијација, на индивидуализмот, не на колективизмот, на културата, на културата на слободата која мора да оди во комбинација со одговорноста, со други зборови-модерна, европска Македонија, интегрирана кон внатре со меѓуетничката солидарност и хармонија и кон надвор во Европската унија и во сите светски структури.

Зошто – и како – ВМРО е сè уште најголемиот проблем на Македонија?

Вмро се обидува политички да го концептуализира митот за себе. Според Сјоран и многу други умни глави политичката концептуализација на митовите води и е знак на декаденцијата, а таа е вовед во исчезнувањето. Обратно: Кога од политички концепт се прави мит, тоа е време на прогрес. Освен оваа општа законитост проблемот е и во тоа што историската вистина за вмро се разликува од нашата митолошка вистина. Преку вмро-дпмне вистината доаѓа да и се одмазди на нашата лага за себе. Во историската вистина нема национална и државна реализација на македонскиот народ. Има стремеж, не би рекол борба, оти борба, освен во трагикомични инциденти на разни предавства – немало, туку за автономија на Македонија и соеднинување со Бугарија. Како внимателност од реакцијата на големите сили слична на таа по Санстефанскиот договор. Затоа организацијата е внатрешна. Таа не е македонска според националното одредување туку според името на територијата која треба да се припои кон мајка Бугарија.

Затоа тие се трудат да го апсорбираат целото општество и да ја карикатуризираат нацијата, да и ги уништат институциите, образованието и правото, пред се, да ја десубјектувизираат и декапацитираат.

Таков мит вмро-дпмне се обидува да концептуализира и затоа вмро-дпмне и Македонија се исклучуваат: ако победи вмро, умира Македонија каква што ја знаеме, а ако победи Македонија вмро-дпмне мора да умре или да се трансформира во фолклорно друштво.

Колку е заблуда тезата дека Македонија произведува(ла) премногу историја? Дали почесто Македонија била исфрлана од „центрифугата“ на таа историја, отколку што имала некаква клучна улога?

Познатиот српски адвокат и врвен интелектуалец, Срѓа Поповиќ, тврдеше дека малите народи немаат своја историја, туку се одгласи на големите историски бранувања. Јас се согласувам со тоа видување. Македонија е, да речеме резултат на антифашистичката и народноослободигелна војна, но да не била светската и посебно југословенската сцена на таа борба, веројатно не би било ништо од нашето државие. Треба да бидеме поскромни во однос на тоа што го викаме наша историја и да престанеме од ситни патеписни белешки на разноразни авантуристи или конзули или наши луѓе по Софија, Петроград и Виена, да правиме национална историја. Нема таква работа. Нема преродба.

Тоа што ние го викаме преродба е фолклор и не е убаво со такви дела, башка врзани со бугарската кауза и јазик, да правиме фирентинска ренесанса. Ние сме млада нација, и релативно нова држава и нема потреба да копаме по минатото за да ги најдеме изворите. Не знам што ни фали да бидеме млади и без длабоки корени. Освен тоа какви сме денеска опасно ќе ги компромитираме тие длабоки корени кога би биле наши. Од каква длабочина извира Лигњата или Мицко или Кикифрики или Ковачки или оној Мисаиловски, Ќулафкова, конечно Гордана.

“Заборавот, би отишол толку далеку да изјавам дека историската грешка е темелен фактор на создавањето на нацијата, затоа напредокот на историските студии е често смртоносен за националниот идентитет… Битта на нацијата лежи во тоа сите поединци да имаат многу работи заеднички, како и во тоа многу што да заборавиле.”

Рекол Ернест Ренан.

Јас се потпишувам под овие мисли.

Апсолутно сте критичен во однос на македонската култура и нејзините слаби дострели. Каква култура ни е потребна? Можен ли е некаков исчекор во таа смисла?

Нашата култура е премногу врзана и оптоварена со народот со неговата легитимација и афирмација, со неговите трауми и жртви кои треба да му влеат на новиот Македонец национална енергија. Нема сомневање дека таа култура, посебно литературата, во времето на формирањето на нацијата, одигра многу важна улога. Но, посветеноста на народот ја кастрираше уметноста. Создадена е платформа која не е добра основа за новите генерации. Уметноста, книжевноста, посебно кај нас е лефтерна категорија, сите пишуваат романи како да пишуваат разгледници. Нема добра уметност без емотивен и интелектуален, па и физички напор, без амбиции личните светови да се издигнат на нивото на светска возбуда. Без трауми. Со ретки исклучоци, немаме такви луѓе.

Вмро, ако се сеќавате, во 2006 година, тргна со програмата за дезелитизација на културата. Тоа беше исто со убиството на културата односно со убиството на нацијата. Не можеме уметност и култура да правиме од народот, туку народот да го правиме од уметност и култура. Но ние стимулираме само култура која има национално значење. Тоа значи дека стимулираме некултура по дефиниција.

Во вашата кариера сте биле и новински писател – не само новинар – и (главен) уредник на значајни медиуми. Своевремено постоеше една максима дека уредникот е половина новинар, половина политичар, а главниот уредник е чист политичар: кога сте се чувствувале „покомотен“ со сопствените начела?

Никогаш не сум се чувствувал комотен затоа што новинарството, издаваштвото и уредништвото што сум ги работел, биле тешка работа. Многу тешка и стресна. Но, отсекогаш сум бил слободен од околината, особено од политичкиот контекст. Секогаш сум се држел на пристојна дистанца, но секогаш сум имал став и сум се трудел така да ги ориентирам редакциите со кои сум раководел.

Користите јазик со кој го „освоивте“ епитетот „Буковски на македонското новинарство“. Колку, всушност, нашата средина е малограѓанска, па оттаму и згрозувањата од вашиот „сочен и сточен“ авторски речник?

Ах, тоа е многу интересно прашање. Ме споредувале со Буковски, со Хантер Томпсон и со други величини и тоа ми е драго, но јас немам толкава доза на прегенциозност ниту моќ да се диближам до нив. Но, секогаш сум имал свест за сопствената вредност. Јас сум, како би рекол, свој. Работам консултирајки многу книги, повеќе филозофски и политолошки, мемоарски, помалку белетристички, и вложувам многу страст и енергија бидејки сакам да импонирам. Никогаш не пишувам туку така, или само за да исполнам некоја задача или простор.

Стилот е за мене многу важен затоа што некогаш кажува повеќе од самите зборови. Секогаш сум во потрага по музички одглас од тоа што го пошувам. Реченица по реченица, пасус по пасус.
Тоа е мојата метода.

Средината е културолошка малограѓанска провинција која има тенденција не да се оправа туку да тоне. Мнозинството го разбира светот и себе се разбира како деца на осум годишна возраст. Неверојатно. Не знам како тоа може да се поправи но сугурно е дека и да може за тоа ќе треба многу време.

Новинарски узор во младоста? Омилени писатели изминативе години?

Јас сум стилски, па и вредносно, формиран на Мирослав Радојчиќ од НИН, на Богдан Тирнаниќ и Александар Тијаниќ, на Денис Куљиш од Старт и Глобус, на Звонимир Берковиќ, кој пишуваше феноменални колумни во загрепски Глобус и на многу други со тоа што тоа форматирање не е завршено до денеска, секогаш може нешто да се научи или ќари од Иванчиќ, Дежуловиќ, и други велемајстори на зборот и мислата, од Анте Томиќ, Теофил Панчиќ, а за писателите, што да кажам, Гомбрович е сигурно на чело, Сузан Сонтаг, Хана Арент, Малапарте, многу сум научил од Бодријар, од Слотеедијк, од Бадју, од Фуко, главно читам филозофски и политиколошки студии, немам трпение за убавата литература, но сакам да имам увид, последен на домашна адреса ми стигна Фосе, кој пишувајки на малцински норвешки јазик стигна да се афирмира како светски писател. Премногу ми е едноставен за мојот вкус. Но го сакам.

Неколку децении сте „закоравен хроничар“ на нашата стварност. Што е тоа што ве покренува секој ден да го вклучите лаптопот/ајпадот и да пишувате?

Да, тоа е навистина интересно прашање што понекогаш си го поставувам и самиот: што ме тера секој ден да пишувам по неколку статуси и неделно по една или две колумни. Во континуитет, без прекин, дури и кога сум болен.

Прво, тоа е мојата грижа за Македонија. Знам дека ќе звучи патетично, но поинаку не би можел да се формулирам. Второ, тоа е начин да се пријавам дека сум жив и здрав и дека сум дојден на работа. Дека сум присутен. Трето, сакам да се занимавам со моите стилски бравури и егзибиции и да го провоцирам (мало)граѓанството. Да им ја претставувам појавноста од еден друг агол.
Четврто, мојата мисија е да ги ослободувам Македонците од Македонија, а Македонија од себе, од своите фантазми, митови, стереотипи, глупости, кобајаги корени… И, петто, ми рекоа дека пишувањето и интензивното мислење го вежба и го одржува во кондиција мозокот.

Јас сум потврда на таа хипотеза.

Хахаха!

И затоа препорачувам: пишувајте, мислете, читајте, не се глупирајте, појавноста е лажна, тргнете ја таа скрама и видете што има под површината и зад појавноста.

Важите за голем познавач на музиката, сте биле и еден од основачите на првото приватно радио кај нас, „Канал 4“, поправете ме ако грешам. Вашата идеална плеј листа за секојдневна употреба?

Не грешиш, јас сум еден од “газдите” на Канал 4, еден од основачите, сопствениците и прв главен и одговорен уредник на “Утрински весник”, косопственик и главен и одговорен уредник на неделникот “Глобус”. Убава кариера.

А за плеј листата можам само да ви понудам имиња на автори што ги слушам, но не обрнувам внимание на насловот на изведбата.

Но, најпрвин моите три највелелепни песни на мојата генерација: Боемска рапсодија на Квин, Алон Агеин од О’Саливен, Строубери филдс фор евер од Битлси и Ај лав хер од нив, и особено од Сара Вон. Другото се имиња: Јело, Шарлот Адигери, Сузана Замболи, електринска музика, а од џезот се што е ново и старо.

Го обожавам американскиот гламур во Нет Кинг Кол, Дина Вашингтон, Арета Фррнклин, Сара Вон, во малку поинаков формат, Пеги Ли, Розмари Клуни, сакам латино музика од Вили Бобо, Кол Тјагер и Сантамарија, во рекалсирачкиот свет Чат Бејкер и Стан Гец, Карлос Жобим и другите од бразилската музика, Гилберто, Астрид, особено. Сакам ворлд музика, особено од Мали. Тие се шампиони.

Извор: www.racin.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни