Бран насилство во Лима: една жртва, повеќе од 100 повредени – владата прогласува вонредна состојба

Новата преодна влада на Перу најави дека ќе прогласи вонредна состојба во главниот град Лима, по масовните и насилни демонстрации во кои загина едно лице, а повеќе од 100 лица се повредени, пренесува агенцијата Бета.

„Ќе ја објавиме одлуката за прогласување вонредна состојба, најмалку во главниот град Лима“, изјави премиерот Ернесто Алварес по седницата на владата.

Мерката ќе опфати повеќе од 10 милиони жители во Лима и соседното пристаниште Калјао, каде што вчера избувнаа најжестоките судири меѓу демонстранти и полицијата од почетокот на протестите пред еден месец.

Судири, жртви и политичка криза

Според официјалните податоци, едно лице е убиено од полицијата, а најмалку 113 лица се повредени, од кои мнозинството се полицајци.
Демонстрациите се одржуваат низ целата земја како реакција на растечката несигурност, корупцијата и политичката нестабилност.

Перу веќе шест месеци се соочува со бран протести, кои повторно се разгорија по сметнувањето на поранешната претседателка Дина Болуарте минатата недела. По нејзиното отстранување со гласање во парламентот, функцијата шеф на државата ја презеде претседателот на Конгресот, 38-годишниот Хозе Ери.

Вонредна состојба и можен полициски час

Според најавите, вонредната состојба ќе ѝ овозможи на владата да ги ограничи одредени права, вклучително и слободата на собирање.
Премиерот Алварес не ја исклучи можноста за воведување полициски час, наведувајќи дека „криминалот не мирува ни навечер“.

Тој најави дека во наредните денови ќе бидат донесени неколку дополнителни мерки во рамките на новиот правен пакет поврзан со вонредната состојба.

Генерацијата Z во првите редови на протестите

Како и во претходните месеци во земји како Индонезија, Непал, Кенија и Мадагаскар, протестите во Перу ги предводи младата генерација Z, која бара длабоки реформи и крај на корупцијата.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни