Бран апсења по трагедијата со падот на настрешницата во Нови Сад

На белградскиот аеродром уапсена е Б.К., член на комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад, која се товари за пропусти што довеле до колапс на настрешница, при што загинаа 15 лица. Покрај неа, вчера беа приведени уште тројца членови на истата комисија и менаџерката за инвестиции во „Железници на Србија“, кои исто така се осомничени за сериозни пропусти во градежните стандарди.

Б.К. е уапсена од страна на УКП, по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Белград, кое вчера приведе уште четворица нејзини колеги поради пропусти во работата, кои резултираа со падот на настрешницата на таа железничка станица на 1 ноември 2024 година, пренесува РТС.

Да потсетиме, при падот на настрешницата загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни