Иако ретко се зборува за браковите без секс, овие ситуации се почести отколку што можете да си замислите.
Поимот „брак без секс“ е три и пол пати почесто пребаруван на Google од „несреќен брак“ и осум пати почесто пребаруван од „брак без љубов“.
Што всушност значи брак без секс?
Не постои прецизна дефиниција, иако некои експерти велат дека тоа е брак на двојка што има секс помалку од 10 пати годишно. За секс терапевтката Даниел Харел тоа е секој брак во кој сексот главно не постои меѓу партнерите.
„Тоа значи дека партнерите на пример пет години воопшто немале секс или имаат секс еднаш на неколку месеци“, вели таа за HuffPost.
Меѓутоа, експертите велат дека, иако сексот е многу важен елемент во бракот, и браковите без секс може да опстојат, но под посебни услови.
Според истражувањето на Pew од 2015 година, 61% од Американците сметаат дека задоволувачките сексуални односи се многу важни за успешен брак.
Иако многу луѓе влегуваат во романтични врски и брак бидејќи сакаат да ја споделат сексуалната желба, привлечност и страст со партнерот, не се сите бракови во кои нема секс осудени на пропаст и развод.
„Бракот може да опстане ако и двајцата партнери заклучат дека не им пречи што во бракот нема секс. За некои луѓе, сексот не е на листата на приоритети“, објаснува секс терапевтката Селест Хиршман.
Затоа, ако и двајцата партнери имаат ниско либидо, недостатокот на секс не е проблематичен за бракот. Овие бракови може да бидат подеднакво успешни како и кај луѓето кои редовно имаат секс.
Истото важи и за двојките кои се идентификуваат како асексуални, одноно луѓе кои не доживуваат сексуална привлечност или не покажуваат заинтересираност за секс.
За некои двојки, сексот е нешто забавно што се случува одвреме-навреме, но за нив сексот не е приоритет, ниту е составен дел од одржувањето на врската.
Ако партнерите немаат исто ниво на (не)заинтересираност за секс, тоа може да доведе до проблеми во бракот, повредени чувства и огорченост. Недостатокот на секс може да предизвика фрустрација, тага, а на крајот и уништување на врската.
Во тие случаи, партнерите кои имаат поголемо либидо се склони кон неверство, односно бараат сексуално задоволство надвор од бракот.
„Ако едниот од партнерите е незадоволен од сексуалните односи во бракот, а другата личност не сака да работи на тоа, некои двојки преговараат за отворена врска, односно задржување на бракот како заедница, додека едниот партнер (оној со поголемо либидо) може слободно да бара задоволување на сексуалните потреби на друго место“, вели Хиршман.
Но, ако аферата се случува зад грб на партнерот, тоа може да доведе до друг вид на проблем во врската, а тоа е разнишување на довербата меѓу партнерите.
Извор: kurir.rs