Македонското Брајово писмо станува дел од Android

Со интеграцијата на македонската Брајова абецеда во Android преку специјална тастатура, слепите и лица со оштетен вид ќе имаат подобар пристап до дигиталните уреди.
https://nssrm.org.mk/wp-content/uploads/2021/02/chitanje-brajovo-pismo-1.jpg
https://nssrm.org.mk/wp-content/uploads/2021/02/chitanje-brajovo-pismo-1.jpg

Македонското Брајово писмо конечно ќе биде поддржано во Android преку апликацијата „Advance Braille Keyboard“. Ова значи дека корисниците со оштетен вид ќе можат директно да го користат македонското писмо на мобилните уреди, без ограничувања. Ова претставува значаен чекор кон инклузија и дигитална пристапност за сите.

Според Кристијан Лазарев, специјалист за пристапност и инклузија, интеграцијата на македонското Брајово писмо во Android им овозможува на корисниците со оштетен вид да ги користат уредите со побогата и поинклузивна тастатура, што претходно не беше можно или беше ограничено со други решенија.

Оваа надградба е важен чекор напред за технолошката достапност во Македонија, овозможувајќи еднаков пристап до дигитални услуги, апликации и комуникација за сите корисници, без оглед на нивните физички можности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни