Среќните и несреќните семејства на Толстој низ призмата на суровиот реализам на Достоевски,
е дело кое е како порачано за наградуваниот режисер Оливер Фрљиќ.
По девет години тој се враќа на сцената на ЗКМ во Загреб, и ја прави оваа современа
обработка на рускиот класик, Браќа Карамазови, која е во форма на двојна претстава.
За да се добие целосна слика од оваа комплексна линија на дејството поради која овој роман се смета за најцеловитото дело на Достоевски потребно е да се изгледаат двата дела на претставата. Двојноста најдобро е прикажана преку огледалноста на одредени ликови и нивните меѓусебни
односи, но и преку сценографските и костимографските решенија, а и кастингот, со кој
некои актери играат повеќе ликови, кои меѓусебно се надополнуваат.
Иако досегашните сценски адаптации се држеа подалеку од односот на Аљоша и момчињата од пониските социјални слоеви, во обработката на Фрљиќ тој добива еднакво внимание како и главната линија за браќата Карамазови и нивниот татко.
1 дел: Сите среќни семејства се среќни на ист начин
- дел: Сите несреќни семејства се несреќни на свој начин
Претставата се игра на сцената на НОБ, и првиот дел започнува во 19 часот, а вториот во 22
часот.