Бојкотот во Хрватска успешен – Сѐ повеќе трговци најавуваат намалувања на цените

Од Конзум веќе соопштија дека ги замрзнуваат цените на 250 домашни производи, Кауфланд најави намалување на редовните цени за повеќе од илјада производи, што ќе започне на 5 февруари годинава

Прометот во малопродажните центри вчера во Хрватска до 15 часот паднал за 42%, а бројот на издадени фискални сметки се намалил за 31% во однос на петокот, 17 јануари, покажуваат податоците на даночната управа. Падот е забележан и на ниво на сите дејности каде износот на сметките за истото период е помал за 23%, додека бројот на сметки се намалил за 21% во однос на петок пред два недели.

Падот е нешто помал од истиот период минатиот петок, но сепак значителен во однос на петокот пред бојкотот.

Вчера започна и неделен бојкот на трговските ланци, Лидл, Евроспин и ДМ како и на три производи – Кока-Кола и други газирани пијалаци, вода во пластични шишиња и детергенти за садови.

Јосип Келемен, советник на потрошувачката платформа „Хало инспектори“, изјави дека се задоволни од првичните резултати од бојкотот и најави нови бојкоти и акции.

„Секако, не мислиме дека ова е единственото решение, но очигледно се активираа механизмите на надзор и реакција на државата и поради тоа сме многу задоволни. Меѓутоа треба да се каже дека потрошувачите не сакаат тука да застанат, не сакаат да веруваат дека ова е сѐ што може да се направи. Не сакаат да застанат со бојкот, не сакаат само да прифатат ветувања и нови листи, туку сакаат конкретни акции и реализација за целосно запирање на поскапувањето, растот на инфлацијата и на крајот да потрошувачите ја заземат позицијата на македонскиот пазар која им припаѓа“, изјави Келемен.

Од Конзум веќе соопштија дека ги замрзнуваат цените на 250 домашни производи, Кауфланд најави намалување на редовните цени за повеќе од илјада производи, што ќе започне на 5 февруари годинава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни