Торта обложена со златна фолија и украсена со кристали чини 900 евра за килограм. Кристали го красат и пакувањето на оваа традиционална божиќна торта во Италија.
Во понудата е и колач обложен со сребрена фолија – за 300 евра.
Ова не е прв пат Хартвиг да импресионира со своите ексклузивни креации. Тој еднаш направил колачи со вистински дијаманти во вредност од 300.000 евра за руски клиент.
Неколку години подоцна, еден индиски клиент нарачал божиќна торта украсена со дијамантска нараквица и дијадема за 700.000 евра. Ваквите креации се прават само по нарачка, а дијамантите ги набавува купувачот, рече Хартвиг.
Панетоне (колач од квас со бадеми, суво грозје и кандирано овошје) и пандоро (ѕвездена торта со путер и шеќер во прав) се јадат во многу семејства од почетокот на декември до новогодишната ноќ – или за појадок со чаша капучино или како десерт за вечера со чаша пенливо вино.