Божикна честитка стигнала во Велс со задоцнување од 121 година

Честитка со божикни мотиви е доставена минатата недела до филијала на инвестицискиот фонд „Swansea Building Society“ во улицата Кредок во Свонси во Велс. Честитката била испратена во 1903 година, што значи дека стигнала со задоцнување од нешто повеќе од цел век.

Вработените во инвестицискиот фонд изјавиле дека се надеваат оти ќе ги пронајдат роднините на госпоѓата Лидија Дејвис, која претходно живеела на таа адреса и за која била наменета божикната честитка.

Од британската пошта соопштиле дека веројатно честитката е вратена во нивниот систем, а не дела била изгубена.

Хенри Дарби, службеник за маркетинг и комуникации во Swansea Building Society, вели дека ја подредувал поштата кога разгледницата паднала.

„Ние сакавме да објавиме информации за овој случај на социјалните мрежи бидејќи можеби некој од местото е поврзан со неа, неколку генерации покасно“, рече тој.

Ендрју Дејли од архивите на Вест Гламорган, утврдил дека Џон Ф. Дејвис бил глава на семејството кое живеело на адресата каде што пристигнала разгледницата. Дејвис живеел таму со сопругата и шесте деца.

„Најстарата од нив беше Лидија, која имала 16 години кога била испратена оваа разгледница“, рече Дејли.

Одделот за односи со јавноста на поштата вели: „Веројатно оваа разгледница е вратена во нашиот систем и не е изгубена, бидејќи штом парцелата е во нашиот систем, ние сме должни да ја доставиме на точната адреса“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни