Босанци го следат примерот на Хрватите: Повикаа на бојкот на продавници, кафулиња и ресторани

Ова е начин да покажеме незадоволство поради растот на цените на храната и енергијата, додека платите на граѓаните остануваат ниски. Еден ден бојкота може да испрати силна порака

На социјалните мрежи во Босна и Херцеговина, по успешната граѓанска акција во Хрватска, се шират повици за бојкот на продавници, бензински пумпи, кафулињата и ресторани во петок, 31. јануари 2025 година, како израз на незадоволство поради високите цени и низок животен стандард.

Иницијаторите на акцијата ги повикуваат граѓаните да не купуваат ништо тој ден, однапред да обезбедат потребни намирници, да готват дома и да избегнуваат потрошувачка во угостителски објекти.


„Ова е начин да покажеме незадоволство поради растот на цените на храната и енергијата, додека платите на граѓаните остануваат ниски. Еден ден бојкота може да испрати силна порака“, стои во една од пораките која се споделува на социјалните мрежи.

Граѓаните на интернет форумите истакнуваат дека цените на храната во БиХ се повисоки отколку во некои развиени земји како Германија, додека трошоците за домување се уште се неподносливи. Според зборовите на Адис Кече, претставник на Синдикатите на БиХ, ваквите акции укажуваат на сериозни општествено-економски проблеми во земјата.

Тој предупредува дека профитот на работодавачите расте, додека платите на работниците, кои се недоволни за покривање на основните животни трошоци, остануваат исти.

Иницијаторите на бојкотот истакнуваат дека целта на акцијата е да се притиснат властите и работодавачите да преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата, зголемување на минималната плата и подобрување на вкупниот животен стандард на граѓаните.

Властите во Босна и Херцеговина повеќе пати воведувале замрзнување на цените на најважните намирници.

Да потсетиме, бојкотот на продавниците во Хрватска, кој започна како реакција на високите цени и најавите за нови поскапувања во трговските ланци како што се Tommy, Konzum, Spar, Kaufland и Plodine, во сабота доби многу пошироки размери. Според податоците на Даночната управа, во текот на целиот ден биле издадени нешто повеќе од три милиони фискални сметки, што е скоро два милиона помалку од минатиот петок, 17 јануари, кога биле издадени 4,94 милиони сметки.

Во сабота, купени се стоки во вредност од само 52 милиони евра, што е за скоро 34 милиони помалку отколку во четвртокот, кога потрошувачите се подготвуваа за денот на бојкот и потрошиле 85,7 милиони евра.

Во споредба со средата, во сабота биле потрошени 23 милиони евра помалку.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни