На Светскиот ден на волонтерите, иницијативата Боренка ја реализира својата 20-та акција за пошумување во Македонија. На опожарена површина во близина на Кокино, Североисточен Регион, повеќе од 200 волонтери, вклучувајќи извидници, шумари и припадници на АРМ, засадија 7.000 нови садници на 3 хектари земја.
Оваа акција беше симболично затворање на 3-та есенска сезона на Боренка, во која вкупно учествуваа над 800 волонтери, кои засадија 36.000 дрвја на дополнителни 12 хектари опожарена површина.
Боренка: Најголемата волонтерска иницијатива за пошумување
Боренка е инспирирана од успешната хрватска кампања Боранка. Во 2023 година, на прес-конференцијата во Скопје, оваа иницијатива беше формално претставена со поддршка од претставници на Хрватски шуми и Сојузот на извидници на Хрватска, истакнувајќи го значењето на регионалната соработка во борбата против климатските промени.
Од својот почеток во 2022 година, Боренка:
- Засади вкупно 91 000 садници 🌱
- Пошуми повеќе од 25 хектари земја
- Вклучи над 3 000 волонтери
Глобална поддршка
Боренка е дел од глобалната програма Earth Tribe, поддржана од Европската Унија, имплементирана од Европскиот извиднички регион и Светската извидничка организација. Програмата има за цел да ги поттикне младите за активно учество во зачувувањето на животната средина.
Благодарност до партнерите
Денешната акција не би била успешна без организаторите на Боренка ЈП Национални шуми за подготовка на теренот, стручниот надзор и логистичката поддршка и Сојуз на извидници на Македонија кој се погрижи сите волонтери да стигнат безбедно на локациите за пошумуваат и да ги добијат сите потребни работи за пријатна работа.
Поглед кон иднината
Со завршувањето на третата есенска сезона, Боренка веќе се подготвува за нови акции и уште поголем волонтерски ангажман во 2025 година. Целта останува иста – зелена иднина за сите.
СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕЛ ДЕЛ ОД БОРЕНКА!
Да ја вратиме бојата на опожарените шумски површини.