Од приказните за “супер- луѓето“ – Борче Стаменов – “Донирај компјутер”

На маргините на сите сивила во земјава, се случуваат и чуда благодарение на неколку упорни ликови и иницијативи.  “Донирај компјутер” е токму таква иницијатива зад која стои Борче Стаменов и неговиот мал тим кој за седум години има донирано околу 2.500 компјутери на социјално загрозени семејства и на преку 29 училишта.

Приказната започнува во Кавадарци пред седум години кога Борче го инсталира првиот компјутер во семејство со три мали деца. Сликата како нечие ”ѓубре” може да стане нечија неизмерна радост, ја покренува целата иницијатива на социјалните мрежи. Првата година и пол успева да склопи сам 400 компјутери. Истата таа година со мала помош ја завршува со 650 донирани компјутери. Денес тој и неговиот скромен но упорен тим се на околу 2.500 донирани компјутери и целат кон 3.000. “Донирај компјутер” стана бренд  и приказна како една човек и може да направи голем ипакт во општеството во кое алтруизмоте е помалку заборавен поим.

 Доволно е еден човек да има некоја добра  идеа и да направи нешто интересно. Не мора се да чекаме од државата затоа што гледаме каде ни е државата. Ако имаш  некоја добра идеја пробај  нешто да направиш. Ако упали добро, ако не пробај нешто друго. Тоа го правиме” – вели Борче.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни