Бора Ѓорѓевиќ – генијален уметник, но и националист и четник кој повикуваше на војна и одмазда

„Телото однесете ми го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана“ изјави пред неколку недели Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на бендот Рибља Чорба, кој почина во Љубљана на 71 година.
Фото: Фејсбук

Пред 35 години, во 1989 година во двонеделниот весник Дуга објави стихови кои носеа поинаква порака. „Сакаат да се отцепат виенските коњушари. Па нека се отцепат, што ќе ни се, всушност? Сакаат да се отцепат виенските коњушари. Па нека се отцепат, кога не се наши. Збогум липицанер и Постојнскa Јамo, Бохињи и Бледови, што барам таму. Чувајте ги Триглав и ридовите кај Крање, планинари, скијачи и други срања. Па јодлајте весело и играјте шота, ништо ваше не ми треба во животот. Ќе ви го дадеме Кардељ, тоа е вашата лоза, ќе ви ги дадеме Кршко и Јосип Броз“.

Но што ти е животот, после „ништо ваше не ми треба во животот“, Ѓорѓевиќ, 17 години подоцна се заљуби во Словенка. Ја напушти неговата жена, со која беше чеитир години во брак и се пресели во Љубљана, каде пред извесно време тешко се разболел од хронична опструктивна белодробна болест и бил бил лекуван во истата болница како и Јосип Броз.

Во речиси половина век кариера на Бора „Чорба“ Ѓорѓевиќ тој стана голема ѕвезда, една од најголемите на Балканот, но со своите политички ставови предизвикуваше вистински бури. Не беше тоа како со Горан Бреговиќ, смислени и пропагандно. Кај Ѓорѓевиќ стануваше збор за неговите верувања и карактер. Генијален уметник, голем рокер, но никогаш не беше амбасадор на ведрина – беше песимист, десничар, националист, а од 2012 година и четничка војвода.

„Многу сум почестен со оваа престижна титула. Велат дека сум ја заслужил, а јас го правев само тоа што секој вистински Србин треба да го прави. Моите обврски остануваат исти како и претходно, ќе се занимавам со рок музика, ќе одржувам концерти на кои ќе ги пропагирам Србија и српството. Не морам секогаш да носам униформа на четничка војвода, затоа, нема да носам капа или кокада, но грбот што го имам на раката, Загреб ќе биде многу среќен поради мојата нова титула“, изјави тој за новинарите.

Тој стана ѕвезда уште со својот прв албум „Коска во грло“ објавен во 1979 година и продаден во над 120 илјади примероци. Повеќето песни од тој албум се популарни и денес – „Ostani đubre do kraja“, „Zvezda potkrovlja i suterena“, „Rokenrol za kućni savjet“… Неговите песни зрачат со мрак и безнадежност.

По првиот албум, тој го објави и синглот „Luta sa naslovne strane“, со брилијантната песна која опишува тажниот пат низ кој во животот поминале многу убавици, од насловни страници до валканите раце на политичарите, во кои доброволно одат, бидејќи на „совршенството без маана“ му треба пари.

Песната прв пат ја извел во дворот на Пецо Поповиќ, каде што биле и Ѓорѓе Балашевиќ, Станко Терзиќ и Никола Нешковиќ. Пред него Балашевиќ ја свирел „Рачунајте на нас“, а по изведбата на Чорба и „Лутка“, Поповиќ рекол – „Господа, еве ви милион марки“.

„И беше во право“ напиша Ѓорѓевиќ во автобиографијата „Што сакаше уметникот да каже“.

Потоа следеше албумот „Pokvarena mašta i prljave strasti“ („Nemoj, srećo, nemoj danas“, „Dva dinara druže“, „Evo ti za taksi“), а следниот албум „Mrtva priroda“ беше вистинска ризница на хитови – „Ne veruj ženi koja puši drinu bez filtera (ostavi je)“, „Pobeći negde“, „Pekar, lekar, apotekar“, „Vetar, duva, duva, duva“, „Na zapadu Nista novo“, „Neću da ispadnem životinja“…

Во Рибља Чорба со Ѓорѓевиќ свиреа и многу познати музичари, како Момчило Бајагич Бајага, Дејан Цукиќ и Миша Алексиќ.

Во 1982 година предизвика голем скандал со песната „Na zapadu ništa novo“  во која беа стиховите „за идеали гинат будали“ и „кретени креваат бунтови и гинат“. Тогаш Ѓорѓевиќ беше обвинет за контрареволуционерна активност и омаловажуње на жртвите од војната.

Тој се бранеше дека не бил разбран и дека со стиховите не мислел на југословенските идеали и жртви.

„Кога го реков тоа, мислев на оние Ирци, кои штрајкуваат со глад и така се убиваат, па на сектата на Џонс, па и на ‘Црвената бригада’ кои исто така имаат кретенски мотиви и идеали, мислам дека сега е јасно тоа“ рече тогаш Ѓорѓевиќ и додаде „Што се однесува на стихот ‘кретени креваат бунтови и гинат’, напишан е во презент, поради што не се работи за партизаните и комунистите“.

Сепак, ваквото оправдување не го спаси Ѓорѓевиќ од критиките, па луѓето ги анализираа и неговите други песни. Тихомир Арсиќ вели дека не само за будалите и идеалите, туку него како човек и Црногорците повеќе го вреѓаат стиховите од песната „Volim žene“, кои гласат „Јас би се одрекол од родените браќа, за едни чипкасти женски гаќи…“.

„Каков е тој човек Ѓорѓевиќ кога женски гаќи му се поважни од браќата?“ запраша актерот.

Ваквите критики сепак беа само реклама за албумот, кој беше продаден во над 250 илјади примероци. Денес некој да продаде толку примероци од албум, веројатно спокојно ќе може да дочека пензија.

Таа година имаше и полоши случувања од скандалот со старите борци и чуварите на пламенот на револуцијата. На концерт во Загреб, одржан во рамките на турнејата „Од Чачак до Белград – кој преживее ќе раскажува“, во гужвата која настанала на влезот во салата почина 14 годишно девојче.

Во својата кариера подоцна Ѓорѓевиќ со Рибља Чорба објави уште многу други албуми, но јасно беше дека најдоброто е позади него. Тој не ја загуби мотивацијата, но стануваше се помрачен.

Со песната „Pogledaj dom svoj, anđele“ повикуваше на војна и одмазда. Импресивна е, но не му служи на честа на авторот. Во неговата биографија тој вели дека сите толкувања на песната се вистински, но кое е неговото?

Прилагодено од Индекс.хр

Најново

Последни колумни