Booking во рамки на своите Traveller Review награди ја претстави листата на помалку познати дестинации кои се издвојуваат со извонредно гостопримство.
Оваа година, платформата ги избра 10-те најгостопримливи градови на светот, користејќи импресивни 360 милиони рецензии за сместувањето, активностите и начинот на патување.
Прво место зазема Сигирија, древната стена-тврдина во близина на градот Дамбула на Шри Ланка. Ова наследство на UNESCO се наоѓа во културниот триаголник на земјата, а Booking.com го опишува како „незаборавна комбинација на авантура и спокој“.
На второ место е Казорла, живописен град во јужна Шпанија, сместен меѓу планините Сиера де Казорла, познат по своите шармантни продавници и стрмни улици. Третото место го зазема Урубики, еден од најстудените бразилски градови, кој се наоѓа во регионот Сера Катариненсе.
Во продолжение е комплетната листа на 10 најгостопримливи градови на светот:
Најгостопримливи градови на светот според Buking:
- Сигирија, Шри Ланка
- Казорла, Шпанија
- Урубики, Бразил
- Таупо, Нов Зеланд
- Сент Огастин, САД
- Орвието, Италија
- Манизалес, Колумбија
- Кведлинбург, Германија
- Ко Ланта, Тајланд
- Честер, Велика Британија