Фронтменот Џон Бон Џови, кој минатата година беше подложен на операција на гласните жици, објави дека следното лето ќе започне нова турнеја, откако успешно ја завршил долготрајната рехабилитација.
Турнејата ќе започне со четири последователни концерти во њујоршкиот Медисон сквер гарден, по што групата ќе настапи во Единбург, Даблин и Лондон, пренесува AP.
„Пресреќен сум што повторно ќе можам да споделам сцена со нашите неверојатни фанови. Длабоко сум благодарен за нивното трпение и поддршка во текот на овие години. Конечно сум подготвен и возбуден да се вратам,“ изјави пејачот на социјалните мрежи.
Последниот настап на бендот се одржа на 30 април 2022 година во Нешвил, а во 2024 беше прикажан и документарниот филм „Thank You, Goodnight: The Bon Jovi Story“, кој го прикажува последниот концерт и долгата борба на фронтменот со повредата на гласот.
Со оваа турнеја, еден од најпознатите рок симболи на 80-тите и 90-тите конечно се враќа – посилен и со нова енергија.
Извор: N1info.rs