Починатиот Квинси Џонс (91) пред неколку години признал дека бил на состанок со ќерката на Доналд Трамп, Иванка Трамп.
Состанокот со најстарата ќерка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се случил во 2006 година, кога тој имал 72, а таа 25 години.
„Порано излегував со Иванка, …“, рече Џонс, додавајќи дека токму Томи Хилфигер бил тој, кој му сугерирал дека ќерката на Трамп би сакала да излезе со него на вечера. “Реков: “Нема проблем”. Таа е добра п…ка. Таа ги има најубавите нозе што сум ги видел во животот. Но, има погрешен татко”, рекол Џонс, шокирајќи многумина со својата изјава.
Џонс изјавата ја дал во интервју за Independent во 2018 година, пренесува Hindustan Times, а во него тој го открива и своето мислење за републиканскиот претседателски кандидат.
“Тој е луд пи*да. Тој е ментално ретардиран, нарцисоиден мегаломан. Не можам да го поднесам”, рекол успешниот продуцент, кој тогаш имал 84 години.
Истата година, Џонс повторно ја изразил својата омраза кон Трамп во интервју за Vulture.
„И симфониски диригент знае повеќе за тоа како да води држава, од повеќето бизнисмени, повеќе од Трамп. Тој нема поим за ништо. Некој кој знае што е вистинско лидерство нема да има толку многу непријатели. Тој е *** идиот“, рече Џонс.