Боите на пасошите, како што се црвена, сина, зелена и црна, ја одразуваат политичката, културната и религиозната припадност на државата. Тоа не е само естетика. Бојатат го симболизира и идентитетот на државата. Секоја земја ја избира бојата на пасошот врз основа на политичките, културните и регионалните карактеристики, а често таа носи подлабоко значење.
За секој патник, пасошот е најважен документ, карта за светот и симбол на припадност кон одредена нација.
Боите на пасошите и нивното значење
Пасошите низ светот можат да бидат црвени, сини, зелени или црни. Изборот на боја често зависи од политички, верски и регионални фактори.
- Црвена / бордо: Европска унија, историско наследство на комунизмот.
- Сина: „Нов свет“ (САД, Јужна Америка), економски унии.
- Зелена: Исламски држави, симбол на верата и природата, Западна Африка.
- Црна: Дипломатска реткост, Нов Зеланд, практичност и естетика.
Специфичните нијанси се разликуваат, на пример американска сина или турска бордо.
Зелена и црна – симболика на верата и елеганцијата
Во многу држави, религијата игра важна улога во обликувањето на националниот идентитет. Зелената е особено доминантна во исламските држави затоа што се смета за омилена боја на пророкот Мухамед, а истовремено симболизира живот и природа.
Затоа земји како Саудиска Арабија, Пакистан и Мароко имаат пасоши во зелени нијанси. Зелената ја користат и членките на Економската заедница на западноафрикански држави (ECOWAS).
Интересно е дека и Мексико, Ватикан и Тајван користат зелени пасоши, но од нерелигиозни причини.
Црната боја е ценета поради практичноста – обезбедува контраст со грбовите на државите и полесно ги сокрива нечистотиите. Земји со црни пасоши вклучуваат Боцвана, Замбија, Ангола, Малави, Конго, палестинските територии, Тринидад и Тобаго, а Нов Зеланд е најпознат пример каде црната ја означува националната боја.
Сина – знак на „Нов свет“ и економски сојузи
Сините пасоши се карактеристични за граѓаните на САД и некои други држави. Оваа боја често означува „Нов свет“, но може да сугерира и членство во економски унии. Повеќето земји од Јужна Америка, Карибите и териториите на САД имаат сини пасоши, а неколку земји во Африка и Азија исто така ја користат оваа боја.
Црвена или бордо – пасош на економска поврзаност
Бордо пасошите најчесто сигнализираат членство во економски унии. Сите земји на Европската унија користат бордо пасоши, додека Велика Британија по излегувањето од ЕУ го смени пасошот од бордо во сина боја.
Швајцарија ја користи црвената боја во согласност со боите на своето знаме, додека Турција, кандидат за членство во ЕУ, исто така премина на црвена нијанса.
Иднината на пасошите
Пасошите постојано се развиваат, а нивната еволуција го следи технолошкиот напредок на светот. Денес веќе содржат биометриски податоци, а во иднина постои можност за целосна дигитализација. Новите технолошки стандарди веројатно ќе го обликуваат нивниот изглед и функција, но улогата на пасошот како симбол на припадност ќе остане клучна.