Кинеските купувачи одбиваат да ги преземат нарачаните американски авиони поради царините, потврди американската компанија Боинг.
Откако претседателот на САД, Доналд Трамп воведе 145 отсто царини за кинескиот увоз, Пекинг врати со реципрочни мерки односно со 125 проценти за американскиот увоз.
Два авиони 737 MAX 8 во март пристигнаа во Кина, порачани од „Ксијамен ерлајнс“ (Xiamen Airlines), а минатата недела беа вратени во производниот центар на Боинг во Сиетл. Третиот авион 737 MAX 8 денеска го напушти центарот на Боинг во близина на Шангај и се упати кон американската територијата Гуам. Авионот беше произведен за „Ер Чајна“ (Air China).
Боинг планираше да испорача околу 50 нови авиони на кинеските клиенти до крајот на годината.