Од 20-ти до 22-ри јуни 2025 година, предвидена е богата програма со културни настани, еко-акции, промоција на нуркачка опрема, регати, прошетки со брод, панел дискусии и многу повеќе.
Одбележувањата започнуваат во петок, на 20-ти јуни на плоштадот „Долна порта“ со изложба на фотографии од Охридското Езеро и настап на Даниел Јовески со почеток во 13:00 часот.
Во сабота на 21-ви јуни, како и минатата година, предвидена е еколошка акција на потегот Канео-Лабино-Градска плажа-Стар град, презентација на нуркачка опрема и изложба на подводни фотографии кај споменикот „Фаќач на крст“ од 10:00 часот, регата „Заедно за иднината на езерото“ кај плажата „Горица 1“, поетско читање „Слушни го езерото“, со поети од Охрид, Поградец и Струга на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“.
На плоштадот „Долна порта“, во периодот од 13:00 до 16:00 часот ќе се одржи музичкиот фестивал Balkan Music Square со настапи на Дамјан Пејчиноски, Николче Мицевски, група „Љубојна“ и Алба Дајлани од Албанија.
Во недела кај плажата „Горица 1“ во организација на Здружението за спортско едрење Aquatica ќе се одржи втората регата „Заедно за иднината на езерото“ и доделување на награди.