Богата програма на Dream Short Film Festival 2023

Седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short 2023“, под мотото „Неопходна убавина“ оваа година ќе се одржи од 14 до 17 август на Летна Сцена при Центар за култура “Браќа Миладиновци” – Струга.

„Ако филмот е естетска креација, плод на колективен уметнички труд од различни умови, тогаш фестивалот е естетско-тематски собир, плод на подредувањето во универзумот кое овозможува многу различни умови, својот колективен труд наречен филм, да го презентираат на исто место, во исто време, создавајќи момент на магична илузија, необјасниво чувство посебност за публиката и можност за размена на вистински вредности што траат. Денес, кога околу нас видливо недостасуваат едноставност, разбирање и мир, среќни сме што со специјалните мали нешта, наречени кратки филмови, придонесуваме во разубавување на времето во кое живееме. Кога светот е во опасност, убавината ќе го спаси. Кога реалноста натежнува, неопходна е убавина. Со 7-то издание на ,,Drim Short Film Festival”, под мотото „Неопходна убавина“ ќе посакаме нашиот фестивал да биде само еден од многуте културни блесоци кои ни се потребни“, велат од организацијата на овој фестивал.

Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, интернационална, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“. Покрај натпреварувачките програми фестивалот ќе содржи и ревијални, гостински и специјални филмски програми. Неизбежен сегмент од целиот фестивал повторно ќе биде едукативниот дел, пропратен со мастер класови, дискусии и работилница за краток филм како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network.

Како дел од музичката програма најавени се Фолтин кои ќе настапат на 16 август во Мезебар.

И оваа година организаторите најавуваат уште едно разновидно издание на Drim Short Festival. 
Фестивалот за краток филм Дрим организира Мастерклас со Али Асгари како дел од Фестивалската програма. Мастеркласот ќе се одржи на 16 август во 17:30 часот во хотел Фреја, Струга.
Али Асгари

И оваа година Дрим Шорт ќе биде домаќин на работилницата Fund Ready дел од BALKAN x VISEGRAD SHORT FILM NETWORK, со поддршка на грантот Вишеград+. 10-те избрани учесници ќе бидат пречекани во прекрасната Струга од 14-17 август. Тие ќе работат на своите проекти со менторите, режисерот Вардан Тозија и продуцентката Ивана Николовска од Северна Македонија, како и гостите ментори Тамаш Габели, директор на фестивалот на Филмскиот фестивал BuSho, Унгарија и Залан Бата, директор на фотографија, аниматор и програмски директор на BuSho Film. Фестивал, Унгарија.

Иван Бакрач, главниот програмски селектор вешто ќе ја курира програмата за седмото издание на Фестивалот на кратки филмови.





Најново

Последни колумни