Богата филмска програма за деца во Кинотека за зимскиот распуст

За време на зимскиот распуст, а во рамките на јануарската програма, Кинотека ги кани најмладите и нивните семејства да погледнат некои од аниминираните или детките филмови. Иницијативата „Кино утро“ нуди незаборавно филмско доживување за децата и младите, исполнето со авантури, смеа и инспиративни приказни преку внимателно избрани филмови.

Во рамките на програмата на „Кино утро“ ќе бидат прикажани следните филмови:

„Јон против галаксијата“ (реж. Гоце Цветановски)

Оваа македонска анимација ја носи приказната за храбриот Јон, кој мора да се соочи со вселенски предизвици за да ја спаси планетата Земја. Со многу фантазија и акција, филмот пренесува важни пораки за храброста и одговорноста.

„Мечето Падингтон“

Симпатичното меченце од Перу, кое се обидува да се снајде во Лондон, носи топлина и хумор во секој кадар. Оваа приказна за пријателството и прифаќањето е совршена за гледачи од сите возрасти.

,,Божиќната магија на животните“

Анимирано ремек-дело кое ја истражува магијата на празниците преку очите на животните, истовремено нагласувајќи ја важноста на сочувството и љубовта.

„Кариран нинџа 2“

Возбудливо продолжение на популарниот анимиран хит, каде што карираниот нинџа повторно се враќа во акција за да им помогне на своите пријатели. Филмот ја нагласува важноста на храброста и верноста.

„Дедо Мраз супер херој“

Замислете го Дедо Мраз како суперхерој! Овој филм ја пренесува магијата на празниците преку необична и забавна перспектива.

„Соништата на еден робот“

Емотивна анимација која ја истражува темата за самоспознанието и технологијата, преку приказна за робот кој сака да го разбере човечкиот свет.

Целта на тематот „Кино Утро“ е да ги доближи најмладите до филмската уметност и да го разбуди нивниот интерес за киното како посебно доживување. Овие проекции не се само забава – тие се и можност за учење, развој на фантазијата и градење на емоционална интелигенција.

Детали за проекциите може да прочитате на ЛИНКОТ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни